Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, реагирајќи на утринскиот огромниот ракетен напад врз украински градови, ги осуди „намерните напади насочени врз цивили“.
Ова претставува фундаментална промена во природата на оваа војна, изјави Макрон за новинарите за време на патувањето во францускиот регион Мајен.
Макрон додаде дека веднаш по неговото враќање во Париз, ќе се сретне со своите воени и дипломатски советници и ќе разговара за рускиот ракетен напад врз Украина, во кој загинаа најмалку 11 цивили, а повеќе од 60 се ранети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.