Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Хамбург изјави дека е неприфатливо Иран да ги одобрува нападите на Хамас врз Израел и потврди дека Франција се обидува да утврди дали официјален Техеран е директно вмешан.

Немам коментар за директната вмешаност на Иран за што немаме формален доказ, но јасно е дека јавните коментари на иранските власти се неприфатливи и дека најверојатно на Хамас му била понудена помош. Ќе останам внимателен во врска со ова прашање додека не имаме целосни разузнавачки податоци, рече Макрон на прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Британските медиуми јавуваат дека Макрон и Шолц се согласиле дека Израел има право да се брани од напади на негова територија.

Се надевам дека наредните денови ќе му овозможат на Израел да стави крај на секој напад на негова територија и успешно да ги ослободи заложниците, додаде Макрон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.