Францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе престојува во официјална посета на Саудиска Арабија на почетокот на следниот месец, јавија светските агенции, повикувајќи се на Елисејската палата.

Макрон ќе престојува во Саудиска Арабија од 2 до 4 декември. Посетата ќе биде на покана на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

Оваа посета на земјата ќе биде повод за зајакнување на партнерството меѓу Франција и арапскиот свет“, се наведува во соопштението на француското претседателство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.