Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја изрази својата „огромна загриженост“ за судбината на украинскиот Мариупол за време на повеќечасовниот телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин.

Тој апелираше за „прекин на опсадата и овозможување хуманитарен пристап“ до градот.

За време на последниот од неколкуте телефонски разговори меѓу двајцата лидери од почетокот на руската инвазија пред три недели, Макрон „повторно побара итно почитување на прекинот на огнот“ во Украина, соопшти Елисејската палата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.