Саботното попладне, и предизборниот молк францускиот претседател Емануел Макрон го искористи за прошетка на плажа заедно со својата сопруга Брижит Макрон. Лежерно облечен во дуксерка со боите на француското знаме и фармерки, актуелниот претседател кој се бори за втор мандат, речиси и да не ја испушти од рака сопругата, која исто така му парираше облечена во лежерен стил, облечена во патики, фармерки и кожна јакна. Случајните минувачи кои се најдоа на плажата воодушевено ги поздравуваа и се сликаа со нив.

Макрон е во пол-позиција да победи на реизборот утре во вториот круг од претседателските избори во земјата, но неговата предност пред екстремно десничарската ривалка Марин Ле Пен зависи од една голема неизвесност: гласачите кои би можеле да одлучат да останат дома.

Победата на Макрон во ова гласање – што може да има далекусежни последици за идниот правец на Европа и напорите на Западот да ја запре војната во Украина – ќе го направи првиот француски претседател во 20 години што освоил втор мандат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.