Францускиот претседател Емануел Макрон ја поддржува желбата на Финска да се приклучи на НАТО по руската инвазија на Украина, соопшти неговиот кабинет.

Претседателот вели дека Франција целосно го поддржува суверениот избор на Финска за брзо приклучување кон НАТО, соопшти Елисејската палата.

Соопштението е објавено по телефонските разговори меѓу Макрон и финскиот претседател Саули Ниинисто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.