На барање на францускиот претседател Еманауел Макрон упатено до рускиот претседател Владимир Путин, руските оружени сили од 10 часот објавуваат прекин на огнот и отворање хуманитарни коридори од Киев, Мариупол, Харков и Сума, соопшти Меѓуресорниот координативен штаб за хуманитарна реакција во Украина.

Земајќи ја предвид катастрофалната хуманитарна ситуација и нејзиното нагло влошување во градовите Киев, Харков, Сума и Мариупол, како и на лична молба на претседателот на Франција, Емануел Макрон до претседателот на Русија, Владимир Путин, руските оружени сили од хумани причини објавуваат прекин на огнот на 7 март 2022 година од 10 часот, како и отворање хуманитарни коридори.

Во информацијта уште се додава оти контролата на излегувањето на населението од градовите руските сили ќе го надгледуваат со помош на дронови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.