Францускиот претседател Емануел Макрон побара од поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, да контактира со рускиот претседател Владимир Путин, патријархот на Руската православна црква Кирил и американскиот претседател Џо Бајден со цел да го поттикне мировниот процес во Украина.
Го охрабрив папата Франциск да ги покани Владимир Путин и московскиот патријарх Кирил, но и Џо Бајден, изјави Макрон за францускиот весник „Ле Поинт“ по средбата со Папата во Ватикан.
Макрон порача дека е потребно и САД да седнат на маса за да го промовираат мировниот процес во Украина.
Тој додаде дека Бајден има однос на доверба со Франциск и дека Папата може да влијае врз него за САД да бидат повеќе вклучени во изнаоѓање мирно решение во Украина.
Во понеделникот францускиот претседател се сретна со Папата во Ватикан и тоа беше нивна трета средба од доаѓањето на Макрон на чело на државата во мај
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.