Украинските власти денеска ги повикаа бегалците кои поради војната ја напуштиле земјата, да не се враќаат дома зимава поради оштетувањата на системите за снабдување со електричната мрежа и на инсталациите за затоплување.

Ако имате можност, останете и поминете ја зимата надвор од земјата, изјави заменик-премиерката Ирина Верешчук на националната телевизија.

Таа посочи дека поради руските напади, енергетските системи во земјата не се нестабилни.

Во текот на летото со нетрпение очекувам многумина од вас да се вратат за да го обноват уништеното и да ги испратат децата во украинските училишта, додаде таа.

Од 10 октомври руската армија почна да користи ракети и беспилотни летала за напади врз инфраструктурни објекти, како инсталации за електрична енергија и топлани за греење.

Според Агенцијата за бегалци на ОН, од почеткот на руската инвазија во европските земји се регистрирале 7,7 милиони бегалци од Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.