Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека треба да и се помогне на Украина, но не да ја нападне Русија.
– Наша должност е да и помогнеме на Украина како што правиме, да ја заштитиме нејзината територија, а не за да може таа (Украина) да ја нападне Русија. Ние не сме во војна со Русија, изјави Макрон за француската онлајн телевизија BFMTV.
Според него, целта е Украина да пружи отпор, да си го врати суверенитетот, а Русија да седне на преговарачка маса.
Францускиот претседател најавата на Русија за мобилизација на резервистите и заканата од употреба на нуклеарно оружје ја оцени како уцена.
– Очигледно е уцена бидејќи тој (Путин) има такво (нуклеарно) оружје и опасноста е секогаш присутна. Тоа е начин на притисок во тешко време на војна, рече Макрон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.