Мајкрософт планира да отпушти околу илјада вработени поради послаб раст на приходите од лиценците за оперативниот систем Виндоус, јави американскиот информативен портал Аксиос, повикувајќи се на неименуван извор.
Отпуштањата ќе бидат на повеќе нивоа на компанијата, во различни тимови и делови од светот, дознава Аксиос.
Како и сите други компании, ние редовно ги анализираме деловните приоритети и соодветно правиме структурни прилагодувања. Во наредната година ќе продолжиме да инвестираме во нашиот бизнис и да вработуваме во клучни области за раст, изјави за Аксиос портпарол на Мајкрософт.
Компанијата неодамна отпушти нешто помалку од еден процент од своите вработени, по редовните „структурни прилагодувања“ на почетокот на фискалната година.
И многу други технолошки компании, вклучително Мета платформи, Твитер и Снеп, веќе отпуштија некои работници или ги замрзнаа вработувањата во услови на забавување на глобалниот економски раст поради зголемените каматни стапки, инфлацијата и енергетската криза во Европа, јавија американски медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.