Бразилскиот претседател, Луис Инасио Лула да Силва, порача дека Бразил ќе остане неутрален по прашањето за војната меѓу Русија и Украина.
Лула посочи дека неговата земја не може да заземе страна во тој конфликт и дека оние кои учествуваат во него и кои сега повикуваат на дијалог со Бразил требало да го сторат тоа порано.
Затоа е важно Бразил да не учествува во војната меѓу Украина и Русија. Затоа е важно Бразил јасно да каже дека сакаме мир, не сакаме војна. Оние кои сега сакаат да разговараат со нас можеа да го сторат тоа пред да започне војната“, рече претседателот на Бразил.
Лула изјави дека Бразил инсистира на мирно решавање на конфликтот, обидувајќи се да избегне учество во непријателства.
Го отфрламе масакрот на жени и деца во Палестина. На ист начин го отфрламе тероризмот на Хамас. Но, Бразил се издвојува по една работа: ние сме дел од континентот кој сака мир“, истакна Лула.
Коментарот уследи откако членовите на владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски побараа Лула да ја посети Украина и ја критикуваше позицијата на Бразил, која ја сметаат за проруска. Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин го спомена Бразил, заедно со Кина и Индија, како можни посредници за мир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.