Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изрази уверување дека граѓаните на европските земји сакаат да живеат во мир, но властите во тие земји не може „да го изгаснат пожарот во сопствениот дом“.

Германија, (но и цела Европа) сега нема лидер, а и да има, не може да го изгаси пожарот ниту во својата куќа, рече Лукашенко, пренесува „Танјуг“.

Лукашенко оцени дека Европејците не сакаат војна бидејќи доволно добро разбираат што се случува во Украина.

Овде во Белорусија исто така се обидуваат да подметнат пожар. Утре цела Европа ќе биде запалена, рече Лукашенко и порача дека Европејците треба да престанат со конфронтацијата што веќе резултира со конфликт на територијата на Украина.

Лукашенко ги опиша европските лидери како лудаци што го разгореа пламенот во регионот и не можат „да му кажат ‘не’ на Вашингтон“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.