Украина наскоро ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко на седницата на Националното собрание на Белорусија.

Тој додаде дека сега е најдобрата ситуација за склучување мир во Украина, бидејќи ако Киев не почне сега да преговара, ќе ја загуби својата државност.

Според него, ситуацијата на украинскиот фронт во моментов е во ќорсокак и се создадени услови за мировни преговори.

Лукашенко оцени дека договорите постигнати на преговорите во Истанбул минатата година можат да станат почетна точка за преговори.

Осврнувајќи се на уште еден пакет американска помош за Киев, белорускиот лидер истакна дека американската помош од 60 милијарди долари за војната во Украина е најважниот фактор за ескалацијата.

„Западот го претвори Киев во зависник од дрога, кој го држи на краток синџир со ветувања за ново оружје и финансирање“, посочи Лукашенко.

Според него, на вооружените сили на Украина им недостасува не само муниција, туку и луѓе.

Тој истакна дека тие пари САД морале да ги испратат во Киев, бидејќи тоа е шанса да ги ослабат Москва и Минск.

„Затоа ќе испорачуваат ракети и други работи. Но, им недостигаат луѓе. Луѓето бегаат од војна“, нагласи белорускиот лидер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.