Белорускиот претседател Александар Лукашенко утринава телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин, соопшти прес-службата на претседателот на Белорусија.

„Утрово Александар Лукашенко разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин“, се наведува во соопштението, пренесува РИА.

Сепак, деталите од разговорот меѓу двајцата лидери не се објавени.

Се додава дека, по разговорот со Путин, Лукашенко имал телефонски разговор со казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев, со кого разговарал за меѓународната ситуација, ситуацијата во регионот и односите Белорусија и Казахстан.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.