Белоруското воздухопловство и противвоздушната одбрана се во состојба на готовност веќе три дена, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.
„Од настанот во Брјанската област пред три дена, кога беа соборени четири авиони, нашите сили се во состојба на готовност“, изјави Лукашенко, пренесува агенцијата Белта.
„Многу често разговараме за безбедноста на земјата, особено за ситуацијата во воздушниот простор. Како што гледам, ситуацијата во моментов не е критична. Сепак, постојат загрижувачки фактори“, додаде белорускиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.