Литванскиот претседател Гитанас Науседа предупреди дека ниту една земја во Европа не може да се чувствува безбедно кога е во прашање претседателот Путин, бидејќи руската инвазија на Украина влезе во шестиот ден, пишува Си-Ен-Ен.

Ниту една земја во Европската унија во Европа во моментов не може да се чувствува безбедна. Да, Украина е цел број еден, но ако не можеме да ја поддржиме Украина, ако Украина падне – бидете сигурни дека ние ќе бидеме следни, дека Русија ќе остане на нашата врата – изјави Науседа за Си-Ен-Ен на прашањето дали Путин може да го сврти своето внимание кон балтичките држави Литванија, Естонија и Летонија во одреден момент.

Во понеделникот, Литванија, заедно со Естонија, Бугарија, Чешка, Летонија, Полска, Словачка и Словенија, објавија отворено писмо во кое ја повикуваат ЕУ веднаш да и додели кандидатски статус на Украина и да започне преговори за нејзин официјален прием во блокот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.