Според литванските разузнавачки служби, Русија е способна да ја продолжи војната во Украина уште две години, пренесува ДПА.

Сметаме дека ресурсите што Русија ги има на располагање денес ќе бидат доволни за да води војна со ист интензитет како сегашниот уште две години“, изјави полковникот Елегијус Паулавициус, од литванската воена разузнавачка служба, при презентацијата на годишниот извештај на неговата агенција.

Во извештајот се додава дека „Русија, под водство на претседателот Владимир Путин, станала „сè пототалитарна“. Во него се вели и дека војната во Украина „ја поткопува политичката и економската основа на режимот“.

Неуспесите на бојното поле, натамошните мобилизации и влошувањето на економската ситуација може да имаат негативно влијание врз стабилноста на Русија. Во сегашната социјална и политичка средина, најверојатната алтернатива на режимот на Путин е друг авторитарен режим. Затоа Русија веројатно останува закана и извор на нестабилност во регионот најмалку на среден рок“, оценуваат литванските разузнавачки служби.

Литванија граничи со руската ексклава Калининград, како и со рускиот сојузник Белорусија.

Разузнавачките агенции велат дека војната само до одреден степен и привремено ги ограничува воените капацитети на Русија во областа околу Калининград и во западна Русија.

Сепак, „неограничената способност“ на Русија да испрати свои војници во Белорусија, исто така, има негативно влијание врз безбедноста на Литванија и другите земји на НАТО.

Ова, исто така, ја намалува нивната способност за предупредување“, вели Паулавициус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.