Германскиот министер за финансии денеска предупреди дека Берлин е заглавен во „енергетска војна“ против Русија на Владимир Путин, во момент кога неговата влада најави нов голем фонд за ограничување на зголемените цени на енергијата.

Се наоѓаме во енергетска војна за просперитет и слобода, рече министерот за финансии Кристијан Линднер.

Тој нагласи дека огромниот штит против трошоците за енергија е „кристално јасен одговор на Путин дека… ние сме економски силни“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.