Генералниот секретар на либанското движење Хезболах, Хасан Насрaлах се согласил на прекин на огнот со Израел, еден ден пред да биде убиен во израелски воздушен удар во главниот град на Либан, Бејрут. Оваа изјава ја даде либанскиот министер за надворешни работи, Абдала Бу Хабиб во интервју за Си-Ен-Ен.
Во интервјуто, Хабиб истакна дека претседателот на либанскиот парламент, Набих Бери, стапил во контакт со Насралах и добил позитивен одговор за прекинување на напријателствата, по што властите на земјата ги информирале САД и Франција.
Сепак, еден ден подоцна, Израел изврши воздушен напад, убивајќи го генералниот секретар на Хезболах и неколку други високи членови на движењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.