Здравјето на американскиот претседател Џо Бајден е подобрено откако вчера беше позитивен на тестот за коронавирус, објави неговиот личен лекар во писмото објавено од Белата куќа.

„Неговите симптоми се поблаги“, напиша Кевин О’Конор, додавајќи дека 79-годишниот Бајден синоќа имал малку покачена температура, 37,4. Бајден се’ уште се чувствува уморен, има течење на носот и повремено кашла, рече докторот.

Бајден двапати беше вакциниран против корона вирусот и прими две засилувачки дози, додаде О’Конор, велејќи дека очекува претседателот добро да одговори на вирусната инфекција.

Претседателот добро го толерира третманот“, рече тој, мислејќи на Paxlovid, лекот на Pfizer што му беше препишан.

Според О’Конор, на претседателот, кој е во карантин во Белата куќа, му бил препишан и парацетамол.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.