Либанските власти забранија носење воки-токи и пејџери во авионите што поаѓаат од аеродромот во Бејрут, објави националната новинска агенција, откако илјадници такви уреди експлодираа за време на напад врз Хезболах оваа недела.

Либанската управа за цивилно воздухопловство побара авиокомпаниите чии авиони полетуваат од Бејрут да им кажат на патниците дека тие уреди за комуникација се забранети до понатамошно известување.

Тие уреди, исто така, не можат да се транспортираат по воздушен пат, објави либанската агенција.

Најмалку 37 луѓе загинаа, а околу 3.000 се повредени кога пејџери и воки-токи експлодираа во два брана напади кои му се припишуваат на Израел.

Убиени се борци на проиранскиот шиитски Хезболах, здравствени работници и административци. Најмалку две деца загинаа во вторникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.