Победниците на изборите од француската левичарска коалиција Нов народен фронт (НФП) се огласија откако Емануел Макрон одби да го смени актуелниот премиер на Франција, Габриел Атал.

Во соопштението што го потпишуваат четири партии од коалицијата, тие го обвинуваат Макрон за „обид за киднапирање на институциите“ и бараат мандат за формирање нова влада.

Долготрајното задржување на Габриел Атал на чело на владата може да звучи како обид за бришење на изборните резултати. Ако тоа е начин да не се предложи личност од Новиот народен фронт за премиер, тоа е било демократски неприфатливо, се наведува во соопштението.

Левичарските партии од неделата преговараат за номинирање свој кандидат за премиер.

Атал во понеделник му понуди оставка на Макрон, но претседателот го замолил да „остане на функцијата за да обезбеди стабилност на земјата“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.