Руските медиуми објавија видео од оперативни активности на руските јуришни авиони Су-25 како извршуваат борбени мисии на екстремно ниски височини.
На видеото се гледа пар авиони Су-25, кои прават остри кривини, при што неколку пати минуваат над градот Соледар. Во еден момент, авионите се само неколку десетици метри над земјата.
При минување над градот, авионите исфрлаат таканаречени топлински мамци, кои треба да ги заштитат од проектили од преносни противвоздушни ракетни системи.
Во основа, целта е на овие мамци е да ги привлечат противавионските проектили МАНПАДС, кои се опремени со термички сензори и со висок степен на веројатност може да „се фатат“ на лажните термални цели кои испуштаат голема количина топлина поради согорувањето на пиротехничкиот состав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.