Европските пратеници од француската партија Национален собир ќе се придружат на групата Патриоти за Европа, со што десничарската група ќе биде трета во Европскиот парламент, изјавија за Политико неименувани извори.
Со 30 европратеници, делегацијата на десничарскиот Национален собир ќе биде најголемата во групата Патриоти за Европа, формирана на крајот на јуни, во која членуваат и пратеници од партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, двајца европратеници и еден функционер од групата Идентитет и демократија.
Доколку групата Орбан – Ле Пен стане трета сила во ЕП, тоа ќе биде голем удар за коалицијата на центарот, која бара парламентарно мнозинство за да и обезбеди втор мандат на Урсула фон дер Лајен на чело на Европска комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.