Санкциите од Европската Унија не успеаја да влијаат на Русија, но, затоа го казнуваат францускиот народ, изјави денеска за БФМ ТВ шефицата на парламентарната група на Националното собрание во Долниот дом на францускиот Парламент, Марин Ле Пен.

Санкциите не делуваат, дури, тие се контрапродуктивни. Реалноста е дека санкциите доведоа до зголемување на приходите на Русија од извозот на нафта за 40 милијарди евра, посочи Ле Пен, пренесе агенцијата Тасс.

Таа истакна дека санкциите на ЕУ, всушност го казнуваат францукиот народ, кој годинава го чека, како што се тврди, тешка зима.

Како што додаде таа, „одговорноста е на оние кои ги донесоа тие одлуки“.

Русија на 24 февруари изврши инвазија во Украина, а како одговор на тоа, западните земји воведоа санкции против земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.