Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, кој до 28 јули е во петдневна посета на Африка, ја посети Адис Абеба каде се сретна со својот етиопски колега, министерката за надворешни работи на Етиопија, Демеке Меконен.

За време на изјавите по средбата, Лавров истакна дека светот во моментов се наоѓа во „важен историски момент“ кога ќе треба да избере како ќе живее и што ќе им се остави на следните генерации.

Ќе живееме во свет кој ги следи принципите на Повелбата на ОН, заснован на еднаквоста на суверените држави или во свет во кој ќе доминираат најсилните. Дали е наш избор да живееме во светот на колективниот Запад под покровителство на САД, кои одлучуваат наместо нас кога и како да ги промовираме нашите интереси – праша Лавров.

Рускиот министер го истакна фактот дека градови како Мосул во Ирак и Рака во Сирија беа практично уништени како резултат на воените операции на Соединетите Американски Држави, но никоја од Западот не реагирал на таквото уништување.

Не се сеќавам дека прогресивниот, цивилизиран Запад на кој било начин го покрена ова прашање – изјави шефот на руската дипломатија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.