Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека влезот на Финска и Шведска во НАТО најверојатно нема да промени нешто значително, со оглед на тоа што двете земји веќе подолго време учествуваат во воените вежби на алијансата.

Финска и Шведска, како и други неутрални земји, учествуваат во воените вежби на НАТО веќе долги години – рече Лавров.

НАТО ја зема предвид нивната територија кога планира воен напредок на исток. Така што веројатно нема многу разлика во тој поглед. Ајде да видиме како нивната територија се користи во пракса во Северноатлантската алијанса, рече Лавров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.