Русија е целосно подготвена за конфликт со НАТО на Арктикот, предупреди рускиот министер за надворешни работи.
Гледаме дека НАТО ги засилува вежбите поврзани со можни кризи на Арктикот. Нашата земја е целосно подготвена да ги брани своите интереси воено и политички, рече Сергеј Лавров.
Арктикот е најсеверната точка на Земјата и опфаќа територија на осум земји: Норвешка, Шведска, Финска, Данска, Канада, САД, Исланд и Русија. Сите овие земји, освен Русија, се членки на НАТО.
Финска се приклучи на НАТО во април минатата година како одговор на руската инвазија на Украина, додека Шведска тоа го направи во март годинава.
Лавров рече дека „Арктикот не е територија на Северноатлантскиот договор“ и нагласи дека други земји, како Кина и Индија, имаат интереси во тој регион. Еден од највисоките руски дипломати минатата година изјави дека Финска „прва ќе настрада“ во случај на војна меѓу НАТО и Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.