Изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за превентивен напад врз Русија „ја потврдува заканата од Киев и неопходноста на специјалната воена операција“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Вчера, Зеленски ги повика своите западни господари да извршат превентивен нуклеарен напад врз Русија. На тој начин, предметната фигура суштински му презентираше на целиот свет очигледни докази за заканите од режимот во Киев, заради што беше покрената специјалната воена операција – изјави шефот на руската дипломатија на состанокот на претставниците на владејачката партија „Единствена Русија“.
Украинскиот претседател на вчерашната дискусијата со австралискиот тинк-тенк „Lowy Institute“ рече дека НАТО треба да изврши напади врз Русија за да спречи каква било употреба на нуклеарно оружје. Зеленски не прецизираше какви напади има предвид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.