Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретна со постојаните претставници на земјите-членки на Арапската лига, при што изјави дека светот влегува во „нова ера“.

Ние сме на почеток на нова ера. Зборувам за движење насочено кон вистински мултилатерализам, а не оној што Западот се обиде да го наметне – рече Лавров на средбата, како што пренесуваат руските прорежимски медиуми.

Да потсетиме дека поради западните санкции наметнати на Русија по почетокот на војната во Украина, официјална Москва своето економско кормило го сврте во други правци, односно кон други земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.