Русија ѝ се закани на Франција дека секој нејзин воен инструктор во Украина ќе биде легитимна мета за руските сили. За време на турнејата низ Африка, каде што неколку држави се приклонија кон Москва во последно време, рускиот министер за надворешни рабпти Сергеј Лавров кажа дека француски инструктори веројатно се веќе на украинската територија.

Без разлика на нивниот статус, без разлика дали се воени припадници или платеници, тие претставуваат легитимна мета за руските вооружени сили, кажа Лавров.

Во Москва, портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека инструкторите кои ги обучуваат трупите на киевскиот режим немаат имунитет.

Шефот на украинската војска Олександр Сирски минатата недела кажа дека потпишал документи кои им овозможуваат на француските воени инструктори да добијат пристап до украинските центри за обука. Францускиот претседател Емануел Макрон одби да го коментира ова и додаде дека оваа недела ќе изнесе детали за француската поддршка на Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.