Европската комисија денеска препорача Европската унија да и додели кандидатски статус на Украина и на Молдавија, додека од Грузија ќе биде побарано да исполни одредени услови пред да го добие тој статус.
Европската комисија предлага Украина да добие статус на кандидат за членство во ЕУ, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, додавајќи дека тоа значи дека Украина спроведува реформи.
Украина јасно ги покажа аспирациите и одлучноста на земјата да живее во согласност со европските вредности и стандарди, изјави таа во Брисел.
Таа наведе и дека Украина веќе применила околу 70 отсто од правилата на нормите и стандардите на ЕУ, но дека останува да се направи важна работа во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата и олигарсите и основните права.
Процесот се заснова на заслуги, така што процесот целосно зависи од Украина, нагласи Лајен.
За време на нејзината изјава, фон дер Лајен носеше бои на Украина – жолто сако врз сина кошула.
Препораката на Европската комисија ќе биде разгледана од лидерите на 27-те земји-членки на самитот во Брисел следната недела.
За започнување пристапни преговори со една земја потребна е согласност од сите земји-членки на ЕУ.
Некои земји од ЕУ, вклучувајќи ги Холандија и Данска, се противат повеќе земји да добијат статус на кандидати за членство, но барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски доби поддршка од Франција, Германија, Италија и Романија, чии лидери го посетија Киев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.