Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, смета дека криптовалутите се „безвредни“ и дека нивната употреба треба да биде регулирана за да се спречи луѓето да ги вложат своите животни заштеди во нив.
Она што навистина ме загрижува кога станува збор за криптосредствата е дека тие инвестиции треба да ги направат луѓе кои се свесни дека можат да изгубат сè. Овие луѓе немаат разбирање за ризиците, кој ќе изгуби се, а кој страшно ќе се разочара, поради што мислам дека треба да бидат регулирани. Мојата скромна проценка е дека тие не вредат ништо, дека не се засноваат на ништо, дека не постои основен имот што би делувал како безбедносно сидро – изјави Лагард за Блумберг.
Лагард претходно беше резервирана кога станува збор за криптовалутите, барајќи поголема регулација на биткоинот. Минатата година таа изјави дека не го смета биткоинот за вистинска валута, додавајќи дека централните банки нема во скоро време да го чуваат во своите резерви, потсетува „Бизнис инсајдер“.
Лагард вели дека биткоин токенот се користел за некои „смешни работи“, вклучително и за перење пари.
На почетокот на мај имаше огромен пад на вредноста на криптовалутите, што ги наведе водечките пазарни „играчи“ да размислуваат за построга пазарна регулација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.