Режисерот Емир Кустурица смета дека војната во Украина е војна против православието и оцени дека би било подобро претседателите од Запад да присуствувале на претходните Паради на победата во Москва наместо „сега да ја гледаат парадата во живо“.

-Војната во Украина, за која можеме со сигурност да кажеме дека е одамна подготвена со помош на Пентагон, всушност е војна против православието и сето она што една автентична култура го претставува како главна пречка за трансхуманизмот – претворање на луѓето во она што е проверено, рече тој во беседа по повод Светисавската повелба што ја доделува српското просветно-културно друштво „Просвета“, а која му беше врачена денеска во храмот Свети Сава во Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.