Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба повика на дополнителни меѓународни санкции против Русија по, како што рече, „варварскиот“ напад на градот Харков.

Варварски руски ракетни напади врз централниот Плоштад Слобода и станбените области на Харков. Путин не може да ја скрши Украина. Од бес, тој врши повеќе воени злосторства, убивајќи невини цивили. Светот може и мора да направи повеќе. Зголемете го притисокот, целосно изолирирајте ја Русија, напиша Кулеба на Твитер објавувајќи видео од нападот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.