Руските ракетни напади нанесоа „колосална“ штета на украинските енергетски постројки, изјави денеска шефот на украинската електродистрибуција Володимир Кудрицки.

Извршниот директор на Укренерго, Кудрицки на брифинг за новинари посочи оти неговата компанија сака да помогне во обезбедувањето услови за Украинците да останат во земјата за време на зимата што следува.

Повиците за Украинците да се евакуираат, Кудрицки ги оцени како „несоодветни“.

Украинските власти вчера соопштија дека почнале со евакуација на населението од неодамнешната ослободена област Херсон и соседната Миколаив, поради тоа што стравуваат оти оштетувањето на инфраструктурата е преголемо за нормално снабдување со струја за време на зимата.

Властите ги советуваат жителите на двете области на јужниот дел на Украина, да се преселат во централните и западните делови од државата.

Повеќе од 40 отсто од енергетските објекти во Украина се оштетени при руските ракетни напади изминатите недели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.