Украина подготвува флота од кучиња-роботи коишто ќе јуришаат на руските позиции, вклучително и некои четириножни „терминатори“ за кои се надева дека ќе ги искористи за да извршат „камикази“ напади врз непријателски војници и возила долж линијата на фронтот, информираат официјални лица.

Како што пишува „Њујорк пост“, повеќе од 30 роботи од 9.000 долари по парче изградени од „Брит Алијанса“ досега се појавиле на бојното поле, а металните кучиња служат како беспилотни летала кои можат да извршуваат извидувачки мисии и брзо да доставуваат залихи до војниците.

Командантот на украинска единица со кодно име Курт вели дека неговиот тим работи на тоа кучињата да „постапуваат како камиказе дрон против возила или непријателски војници“.

Ќе почнеме масовно да ги користиме по целосната модернизација на робот кучињата за наши потреби. Процесот е веќе во тек“, вели командирот.

Првата употреба на кучиња-роботи во војната во Украина беше поздравена како успешна од страна на „Британската алијанса“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.