Кубанските власти почнаа со ограничена продажба на долари и други странски валути на граѓаните, што е прв таков случај по две години.
Оваа нова политика на кубанските власти има за цел да помогне во борбата против црниот пазар на странски валути.
Со новата одлука, кубанските граѓани можат да купат до 100 долари во готово дневно во 37 одредени менувачници.
На почетокот на минатата година Куба го елиминираше долгогодишниот систем на двојна валута, издавајќи посебен вид конвертибилен пезос, наменет главно за туристите и странците.
Кубанските власти објавија дека според новата политика, продажбата на странска валута ќе биде ограничена не само со лимитот од 100 долари, туку и со износот што локалната менувачница го купила претходниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.