При украинско гранатирање на центарот на Доњецк, загинале најмалку 20 лица, меѓу кои има и деца, додека десетина други се повредени.

Според првичните извештаи, при нападот е соборена украинска ракета „Поинт-У“.

Социјалните мрежи се преплавени со шокантни снимки и фотографии од крвави тела на цивили во центарот на Доњецк.

Ракетата била падната во близина на локална административна зграда, и градска библиотека.

Новинарот Јуриј Ткачев објави видео од Доњецк каде е соборена украинска ракета во центарот на градот. На видеото се гледаат расфрлани тела на мртви луѓе.

Во соопштението на штабот за територијална одбрана на ДНР, украинските сили го нападнале центарот на Доњецк со пет гранати од 122 милиметри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.