Словачкиот министер за одбрана Роберт Калинак изјави дека премиерот Роберт Фицо се уште е на операција и се бори за живот. Калинак додава дека неговото здравје е „навистина сериозно“ – и „ситуацијата е лоша“, јавува Би-Би-Си.

Она што се случи денеска е стигма што ќе не прогонува многу години. Сè на што се фокусираме е состојбата на Роберт Фицо и се надеваме дека тој е доволно силен да се справи со оваа траума“, рече Калинак на прес-конференцијата пред болницата.

Претходно денеска новинската агенција ТАСР објави дека Фицо бил застрелан пред зграда во Хандлова, град на 150 километри од Братислава, каде што се одржала владина седница.

Животот на Фицо е во опасност и со хеликоптер е префрлен во болницата во Банска Бистрица, додека напаѓачот (71) од градот Левица во Словачка е уапсен.

На Фицо му беше извршен атентат. Тој беше застрелан неколку пати и неговиот живот во моментов е во опасност. часовите се клучни“, се вели на Фејсбук профилот на Фицо.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.