Телеграмскиот канал „Генерал Свр“, кој со месеци тврди дека рускиот претседател Владимир Путин има рак и е неизлечиво болен, објави дека Путин починал во својата палата во Валдај, северно од Москва.

На објавената информација реагираше Кремљ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за државните медиуми РИА Новости изјави дека објавата на Телеграм е „апсурдна шега“.

Ваквите видови објави спаѓаат во категоријата лажни вести, за кои многу медиуми упорно пишуваат и дискутираат. Тоа предизвикува потсмев во Кремљ – изјави Песков за РИА Новости.

Претходно оваа недела, Песков ги негираше наводите дека Путин доживеал срцев удар и исто така одговори на извештаите дека рускиот претседател користел двојник за одредени настани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.