Руската претседателска администрација им порача на функционерите да престанат да користат ајфони на Епл поради загриженоста дека уредите би можеле да бидат осетливи на западните разузнавачки агенции, објави денеска рускиот весник „Комерсант“.
На семинарот организиран од Кремљ за функционери вклучени во внатрешната политика, првиот заменик-шеф на кабинетот на рускиот претседател, Сергеј Кириенко, им рекол на службениците да ги сменат мобилните телефони до 1 април, пишува „Комерсант“, повикувајќи се на неименувани извори.
„Готово е со ајфоните: фрлете ги или дајте им ги на децата“, цитира „Комерсант“ еден од учесниците на состанокот кој додава: „Сите мора да го направат тоа во март“.
Кремљ може да даде други уреди со различни оперативни системи да го заменат ајфонот, пишува „Комерсант“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека не може да го потврди извештајот, но дека паметните телефони и онака не можат да се користат за официјални цели.
Претседателот Владимир Путин секогаш велеше дека нема паметен телефон, иако Песков рече дека Путин повремено користи Интернет
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.