Неформално организирани групи граѓани со палки навечер патролираат во предградието Пејпорт, во Валенсија, погодено од поплавите, за да спречат грабежи за кои велат дека се чести.
Мартин (19), кој е еден од членовите на таквата група, тој и неговите пријатели го земаат законот во свои раце бидејќи сметаат дека полицијата не ја исполнува својата должност за одржување на јавната безбедност.
„Патролираме затоа што не сакаме нашите соседи да чувствуваат несигурност поради разни грабежи“, рече тој.
Пејпорт е една од најтешко погодените области во поплавите во регионот на Валенсија, а досега се потврдени 60 од најмалку 217 жртви.
Гневот на луѓето во Пејпорт се зголеми поради, како што рекоа, бавниот и недоволен одговор од властите, што доведе до тоа шпанскиот крал Фелипе и премиерот Педро Санчез да бидат гаѓани со кал за време на нивната посета во неделата.
Зборувајќи денеска на прес-конференција во Мадрид, Санчез рече дека бројот на грабежи по поплавите е драстично намален, а приведени се 170 лица за кои постои сомневање дека учествувале во грабежите.
Шпанија испрати речиси 15.000 полицајци и припадници на вооружените сили од цела Шпанија во регионот на Валенсија за да помогнат во расчистувањето на областа по поплавите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.