Руското Министерство за одбрана предупреди дека Киев подготвува провокација во регионот Харков.

Како што изјави официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, во градот Первомајски е миниран склад со 120 тони хлор, со намера да се крене во воздух, а Русија да биде обвинета за цивилни жртви.

Според потврдени информации, во градот Первомајски, во областа Харков, украинските специјални служби подготвуваат голема провокација со употреба на отров. Припадниците на Украинската безбедносна служба минираа складиште со 120 тони хлор во областа на фабриката „Химпром“ – изјави Конашенков на брифинг со новинарите.

Генерал Конашенков прецизираше дека планот е да се разнесе магацинот и да се обвини Русија за предизвикување хемиска катастрофа што би резултирала со смрт на цивили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.