Австралискиот премиер, Скот Морисон, за на 21 мај распиша општи избори на кои кампањата ќе се заснова на главните теми, вклучително и економското влијание на Кина, климатските промени и пандемијата на Ковид-19.

Морисон го повика генералниот гувернер на Австралија, кој е и претставник на кралицата Елизабета Втора, да го потврди датумот на изборите.

Конзервативната коалиција на Морисон ќе се обиде да се избори за четврти тригодишен мандат.

Тој ги повика гласачите да се држат до владата која остварила добри резултати во борбата против пандемијата на корона вирусот и да не ризикуваат со опозициската Лабуристичка партија.

На овие избори ќе избирате меѓу влада што ја познавате и која успешно ги извршила своите должности и лабуристичката опозиција што не ја познавате – истакна Морисон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.