По трагичната авионска несреќа во која загина Евгениј Пригожин, водачот на „Вагнер“, иднината на групата руски платеници останува нејасна. Причина за таквата загриженост е тоа што во авионската несреќа биле и некои од видливите главни луѓе на групата платеници.

Во авионот се наоѓал и „десната рака“ на Пригожин, Дмитри Уткин, кој се смета за основач на групата и за кого се претпоставуваше дека во случај на смрт на Пригожин, тој ќе биде негов наследник.

Еден од кандидатите за наследник на Пригожин по неговата смрт беше и Валериј Чекалов, но и тој загина заедно со другите двајца во мистериозната авионска несреќа. Чекалов беше задолжен за логистиката на групата и ги надгледуваше договорите за снабдување со храна и опрема. Тој работеше со лидерот „Вагнер“ од раните 2000-ти.

Друг член на екипажот на авионот бил Евгени Макаријан, поранешен полициски специјалец кој бил во групата од 2016 година. Во авионот бил и Сергеј Пропустин, кој му припаѓал на „Вагнер“ од 2015 година, а бил во специјалната единица која имала улога на лични телохранители на Пригожин.

Сепак, иако во моментов се чини дека групата нема јасна команда, политичкиот познавач и коментатор, литванскиот новинар Мариус Лауринавичиус, не верува дека „Вагнер“ може да продолжи да функционира без лидер.

Со оглед на тоа што ова раководство е уништено, тоа значи дека во Русија било одлучено да се уништи „Вагнер“. Втората работа е што воената група не може многу да направи без адекватно управување, планирање и логистика. Во основа, по она што се случи, да се зборува за групата „Вагнер“ како еден вид оперативна воена единица, мислам дека повеќе нема смисла“, анализира новинарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.