Американските власти рекоа дека нападот со беспилотно летало врз Кремљ на почетокот на овој месец најверојатно бил организиран од една од специјалните воени или разузнавачки единици на Украина, што е најновата во серијата тајни операции против руски цели кои ја вознемириле администрацијата на Бајден, пишува Њујорк Тајмс.

На почетокот на мај Русија соопшти дека спречила „терористички“ напад врз домот на Путин.Кремљ тогаш тврдеше дека го спречил нападот со дрон врз претседателската резиденција на Владимир Путин.

Кремљ нападот го нарече „планиран терористички чин“ и рече дека го смета за обид за атентат на рускиот претседател. „Њујорк тајмс“ објави дека американските разузнавачи веруваат дека Украина е одговорна за нападот со беспилотно летало што го оштети Кремљ, што Русија го означи како обид за атентат врз Владимир Путин, иако рускиот претседател во тоа време не бил во зградата.

Американските власти рекоа дека нападот со беспилотно летало врз Кремљ на почетокот на овој месец најверојатно бил организиран од една од специјалните воени или разузнавачки единици на Украина, најнова во серијата тајни операции против руски цели кои ја вознемириле администрацијата на Бајден.Американските разузнавачки агенции не знаат која единица го извршила нападот и не е јасно дали украинскиот претседател Володимир Зеленски или неговите највисоки функционери биле запознаени со операцијата.

„Њујорк тајмс“ пишува, дека американските власти сметаат дека украинската влада директно го одобрила нападот со беспилотно летало врз Кремљ. Но, разузнавачките агенции сè уште немаат конкретни докази за да идентификуваат кои владини претставници , односно украински единици или оперативци, биле вклучени. Администрацијата на Бајден е загрижена поради ризикот Русија да ги обвини американските официјални лица и да возврати со проширување на војната надвор од Украина.

Американските шпионски агенции гледаат слика на лабава конфедерација на украински единици способни да спроведуваат ограничени операции внатре и надвор од Русија, користејќи свој персонал или партнери кои работат под нивно раководство. Некои од тие мисии најверојатно биле под надзор од Зеленски, сметаат официјални лица.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги извештаите во Њујорк Тајмс дека Украина стои зад нападот со беспилотни летала врз Кремљ, рече:

Нема голема разлика која единица на режимот во Киев стои зад нападот. Ние веднаш кажавме дека зад ова стои режимот на Киев“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски негираше дека Украина е одговорна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.