Секој голем настан во светот наидува на различни толкувања и мислења, а воените конфликти и тензии се идеална почва за теоретичарите на заговор да ги „фрлат“ своите оценки кои најчесто имаат темна конотација.

Автор на американскиот бестселер, Патрик Бет Дејвид објави резултат од пресметката, кој го привлече вниманието на многумина.

Тој ги спореди резултатите од збирот на броевите на почетокот на Првата, Втората и војната во Украина.Секаде збирот е 68.

Истиот број го добил со собирање на 1 септември 1939 година, датумот на почетокот на Втората светска војна, како и почетокот на конфликтот во Украина на 24 февруари 2022 година.

– Бројот 68 се користи и во Библијата. Зборот царство и битка се споменува толку многу пати во светите списи-твдат теоретичарите на завери.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.