Русија врши „геноцид“ во Украина, предупреди градоначалникот на Киев, Витали Кличко. Тој го кажа ова на видео конференцијата со официјални лица од Минхен, побарувајќи тие да ја притиснат федералната Влада да ги прекине сите економски врски со Русија, јави ДПА.
Русија ги инвестира секое евро, секој цент, во нејзината војска, им појасни Кличко на официјалните лица од Минхен, збратимен град на украинската престолнина.
Тој додаде дека „тие го уништуваат цивилното население. Тие ја уништуваат нашата земја“.
Според неговото објаснување, бомбите користени од Русите, убиваат сè во радиус од 500 метри. Па затоа, Кличко го опиша како напад, не врз војската, туку врз народот.
Ние не можеме да ги изброиме труповите. Кошмар е тоа што се случува тука, истакна градоначалникот на Киев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.